Среда, 14 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
БОЈОТ СО АРАМИЈАТА

Се издолжив по Долги рид
се довлечкав до Ѓоргиница
се исправив на ширна орани
се завртив окол-наокол
со околеж широк
да си ги приграбам Балканите,
да си ја освојам Брсјачијата:
Лубен пред мене,
Пелистер зад мене-
таткојнта;
M а к е д о н и ј а.
Ама,не! На сред пат ми се
испречи сениште црно,
гнасно,лигаво,смрдливо
со очишта зацрвени,
очакарени,разрогагачени,
закрвени: - „Каде дрзнику?!“
- Да си ја видам планината.
- Не можи!
- Зошто?!
Јас владеам
со планините,со падините,
со долините,со рудините,
со ридојте.со висојте,
со присојте цо осојте!
Не ти ја земам...
само да си ја вида коријата,
да си прошетам низ чаршијата,дедојната
и таткојната да си ја видам.
- Не може беднику,разбираш?!
Скокна,се истопори-
краци октоподски испружи:
ги затвори сите патишта и патчиња -
„Реков:не можи!
Ќе ми ја запалиш планинта!
-Планина не се палии...
не гори планината!
- Шумата на планината
ќе ми ја запалиш - моја е!
- Т в о ј а???!!!
...Кога втаса да ми ја украдиш арамијо?
Овие шуми војски разни
ги газеле - никогаш
не ги запалиле.
Комити храбри
крвав бој воделе,
во нив живееле,
огнови палеле-
не ги запалиле.
Десетици рупи гореле
дунани-чадој до небо
се извивале-
искра настрана не прснала-
шумата не се запалила
и...не изгорела.
-Ти ќе ми ја запалиш!
- Јас ќе ја бранам од тебе
и од твојте јадни и бедни
гадој - потпалувачи.
Избувна бесот наталожен,
севна поглед-прекор,
„заигра“патерицата
со која си ги потпирав
плеќите стари - згрбавени:
краци растегнати
му ги поткинав -
го прегазив:
Си ја присвоив планината
прадедова,дедова,таткова,
моја,твоја - наша:
си ја спасив
и д н и н а т а
од душман клет
што сакаше да ми ја убие,
да ме избрка во туѓ с в е т.

slavko-krstevski
СЛАВКО КРСТЕВСКИ

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.