ЦЕЦА ВИДОВА-ТРАЈЧЕСКА
Времето пишува книга, деновите се страници бројни, за маката, за народот, за сите војни.
Од дамнина еден Библиски народ, исправено стои, дланките ги стега, ама од корените свои не си бега.
Сраснат е со земјата, со пирејот е едно .....
Во сенките на тој народ и ликот мој го има и до мене и по мене нистиот корен нé стега.
Мрачните сили нé тргаат за да нé нема, ама нашето семе р’кулци раѓа и пак сме бројни и пак нé има.
Сраснати сме е со земјата, со пирејот сме едно.....
Зашто името наше е во коренот, во капката мајчино млеко, во порите на мајката земја, во првиот залак воздух.
Горди Македонци сме, со коренот во земјата наша свиен, со погледот во синото небо скриен. Вечност сме ние......
Сраснавме со земјата, со пирејот сме едно..... |