Ружа Спасовска
Ме прашуваш од каде сум?! Што ми лицето било бело, што ми косата била руса, та и очите мои сини.
Ме прашуваш од кај ми е потеклото, Од кај ми се корените - дал од земја некоја северна ил од далечна Русија?
Што те чуди мојто лице бело? Па јас сум си од земја Бела! Што те чудат моите очи што синеат како Белото Море, а од сонцето милувани косите руси.
Што те чуди снагата ми бела, на Бела земја пораснала, од Белдар вода пиела, во Белото Море се капела, на градите бел крст носела.
Низ Бела Земја, Белдар река тече, од Бела Планина извира во Белото ни Море се влива; Од Белата Планина па до Белото Море, на секој камен бел крст има.
Кога мојта баба блажена била на тешка преселба не тргнала на огниште останала прапрабаба ми ја родила; Родот нејзин сѐ уште трае, не се чуди што бела сум јас и внуките мои ти се доказ.
Роднините мои на север тргнале нови земји населиле, словото го понеле и Словени ги нарекле. Писменост рашириле и царства оснивале, на поклонение во Бела Земја се враќале и од тука благослови земале.
Поздрави ги моите бели роднини во земји Дар-дадени и оние зад Карпатите преселени. Поздрави ги и кажи им за гените наши Македонски Раскажи им за Деца храбри од Белата земја и кажи им да не заборават од каде потекнуваат - Од МАКЕ ДОНА ИА МАЈКА ГОСПОЃА НА ЗЕМЈАТА!
Ние народ на Небесниот Господар сме, деца на Големата Небесна Мајка со духот Божји Македон од земја МАКЕ ДОНА ИА МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ Е! |