|
||||
За доброто на луѓето |
Радојка Трајанова За доброто на луѓето (драма) -Македонка Јас порака една синко сакам да пратам на мајките на сите војници -Чедни и нечедни мајки вашите срца исто ке се разнежнат на исти начин ако загине вашиот син војник дури ако е тој повеке од војник војник над војниците, супер војник, војник на нато, војник на кфор војник македонец, војник албанец. или пак ако е војник непознат, Запрете го лудилото!!! Лудило кое се заканува да го запали Балканот, Европа и светот!!! Запрете го ширењето на злото, за да не биде никој убиен, во судбинските самоодбрани денови на пролетта на почетокот на зреењето на пченицата, зашто кога таа ке врзи плод синовите ке ви се потребни за жетва! Запрете го гласот на некој опак човек со било какво име и лик кој повикува на насилство тој сака да посее ужас за сите нас! Останете приврзаници на мирот! -Никола А мене мајко ако ме повикаат јас морам да одам одбраната на земјата е света работа! -Македонка Биди за мир тоа е мир за сите души, души кои сакаат во мир да сеат. Зашто сега кој ке посее огнен ветар утре ке пожнее крвава бура ! -Никола Така е мајко. -Македонка Не дозволувајте синко да се фрли огин врз ниеден град зашто гладен огинот еднакво ги голтаи куките и дворците. Помеѓу вистината и пријателството одберете го пријателството зашто вистината може да се менува за разни времиња важат разни вистини а пријателството е вечно. -Никола Прав и пепел летаа во умот наш барутен чад и тутунов смрад ги смирисаа душите не беше лесен сонот под покривката влажна од долждлив звук на солзите. Се заколнавме -Нема веќе да го играме ТЕШКОТО! ... ОРОТО! додека звукот на тапанот одекнуваше низ смрзнатите уши ТА,ТА,ТА,ТА наслушав од многу блиску небото светна како силен ден позадината на умот блесна секавица мајко ножот блесна, помислив гердан од уши злосторниците нижеа, збирка од очи во бои разни во стаклени чаши, брутални резби со нож врз човечка кожа цртаа карти, нивни знаци, сред Балканот, во срцето на Европа СРЕД БАЛКАНОТ ТЕРОР + ТЕРОР -Македонка Каков срам за Македонија угледот нејзин го поплукаа сите местото нејзино не беше во ситемот цел, слепото црево на Европа, каде се збираат отпадниците од родот неразумниот ум на други што го пере како парче непотребно кое се токми да го скрои по нечија желба да се одсече. ОСКАТА е Македонија! Македонија е главна околу која сите системи се вртат цврстата коска што нивната мекст ја држи гранка на која системите на Европа седат, гранката на мирот врз која пеат весело европските птички балови забави се ројат. Синко слушај ме што ке ти речам најпотребно нешто е Македонија НАЈПОТРЕБНО ШТО МОРА ДА ГО ИМА а биде рамнотежа клетката на Европа жива. Врв е тоа- ТРОН МАКЕДОНСКИ корен, стебло, висинска оска почеток крај на бројот време македонско!!! Одтука тргна светот да се брои. Аристотел е наш македонски неговата Етика е основа за наука зборот МОРАЛ се родил тука овде на тлото македонско, не на злобни орли кои слава македонска сакаат да грабнат! ЕТИКА со три својства невоздржаност, злоба и страстен бес, толкувањето на науката и се нуди. Неговата физика ум му дарува на светот учен след загосподарува со векот. |