Среда, 23 Ноември 2016    PDF Печати Е-пошта
ПЕЧАЛБАРСКА

Посветена на оние што не' испадија по леб во туѓина.

Со торба на рамо, со чук и мистрија,

на печалба дедо во туѓина бил,

по Турско, по Влашко, дури по Австрија,

гурбетскиот живот крвта му ја пил.

На проклети градби леел реки пот

и ронел тој младост за крвави пари,

спиејќи по визби, живејќи ко скот,

создавал богатства за грст господари.

Грош по грош собирал, јадел леб и сол

и вечер на свеќа со вошки се борел;

во мисли по дома срце кинел бол,

а мозок заморен во кошмари горел.

„О, несреќно земјо, татковино драга,

страдна си и гладна!“ — мислел секој ден

„О, невесто милна с' таа витка снага,

животот е за нас и црн и студен!

О, дечиња мои, пилци леснокрили

раснете без татко, страдате од лулки

о, полиња китни, о предели мили,

расцутени в пролет со црвени булки.“

Така чезнел дедо в туѓината ладна

жив закопан човек во јад и во жал

и в тешката борба со судбата гадна

на млади години „цуцулист“ станал.

За правда и живот за чест и слобода,

тој развевал знаме црвено ко крв

на митинзи бурни, ко што било „мода“,

или во штрајкови одел сегде прв.

Мразел богаташи и туѓи и наши

и сонувал тогаш еден живот нов,

без султан, без бегој и нивните паши

и без дерикожи од секаков ков.

Со соништа такви тој умре пред време,

не го виде толку саканиот строј

во кој работникот под „сопствено“ бреме

роб робува сега на системот „свој“.

О, стресни   се земјо од адски длабини

та да стане сега дедо ми од гроб,

па да види како внук му во туѓина

гурбетчија станал, бел продаден роб!

Гост на визби влажни и чаднн тавани,

на фабрики бучни кај младоста гине,

кај срцето тлее во најлути рани,

кај животот скотски во бигори мине.

Пусто да си, пуста, судбино проклета

ти со пцешка верност наш што следиш сој,

та скитаме ние по туѓина клета

без разлика судбо, на општествен строј!

Печалбар

1.   »цуцулисти«: социјалисти за простите македонски луѓе

pecalbarska

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.