Среда, 26 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Приказна и поема за Александар Македонски од 19 век

Македонскиот народ живеел со легендите за Александар Македонски.

Пред некои 160 години, поточно во периодот 1844-1845 година, Царството Русија во Македонија го испратило Виктор Иванович Григорович во улога на фолклорен истражувач. Во тоа време, всушност, таква или слична улога (на пример, собирач на пеперутки) имале низа странски емисари чија задача, со денешен термин кажано, била разузнавањето. Уште тогаш, за посетата на Македонија, Григорович запишал: „Јас не слушнав други имиња, освен имињата на Александар Велики и Крале Марко“.

Песна од слепиот

Неколку години по него, во Македонија доаѓа Србинот Стефан Верковиќ со слична функција како и Русинот. Девет години поминува во талкање по нашите градови и села и, меѓу другото, забележува една песна за Александар Македонски, веројатно составена врз основа на преданијата што со векови се пренесувале меѓу генерациите. Песната е забележана некаде во 1862 година, а на Верковиќ му ја испеал Јован Михајлов, талентиран слеп пејач од серското село Броди. Кирил Пенушлиски во своите студии за македонскиот фолклор вели дека всушност станува збор за две варијанти на песната, со тоа што нивното потекло и старост не се познати. Еден наш научник, кој ја проучува истата материја, а кој поради општата атмосфера во Македонија кога станува збор за Александар Македонски одби јавно да зборува, вели дека можеби станува збор за импровизација врз основа на преданија и легенди, со цел од Верковиќ да биде наплатен трудот. Како било, песната е прилично интригантна, а заедно со шесте преданија меѓу Македонците за Александар Велики (првото забележано од браќата Миладиновци, второто од Кузман Шапкарев) покажува дека војсководецот живеел меѓу обичните луѓе на овие простори и две илјади години по неговата смрт.

car-aleksandar-1

car-aleksandar-2

car-aleksandar-3

car-aleksandar-4

car-aleksandar-5

car-aleksandar-6

car-aleksandar-7

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.