Се чинеше дека тиранијата беше вмешана со истиот ветер по петстотини години, и изгледаше дека дечињата ја цицаа од боските на младите мајки.
Во неприродната поворка од монотоно ропство надгробните крстови беа се’ што надежта можеше да ни даде.
Но волјата на младите со решителна енергија изгради соништа од утопии од слобода отаде безнадежноста зашто тие ја знаеја слободата отаде јаремот ставен само од луѓе и дека светот не беше врзан со непроменлива хиерархија.
Смешана со горчина и крвни паметења слободата разурнувачки го прекрши парализираниот ветер.
Над вековното сонце бели мугри изгреаја огнот се чистеше и ги сечеше дебелите шуми на темницата стегата на ропството падна на таа очајна секунда светлина, потем монотоните жални пискоти ужасни во своите непрекинати болки продолжија и ние дознавме дека славата беше наша иако победата се изгуби.
Џим Томев (Австралијз)
(Песната „Илинден – 2 Август“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 50. |