Среда, 13 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
ПОЕТСКАТА РЕПУБЛИКА САКОСТИКА

Одамна егзистира
мојата поетска република
со моите први лирски најавувања
кога спонтано
со мојот идентитет  
суверенитет и независност
се разобличив пред светот
Тогаш вешто прогледав
низ очите на уметноста
та светот внатре и надвор од мене
го гледав и го доживував
како некое од светските чуда
посебно во ритуалот
кога се роди мојата прва песна
та во таа пригода
високо на јарболот
се развеа
моето поетско знаме
пред грбот на државноста
од каде што се огласуваше и химната
на моето постоење

Така се создаде
мојата поетска република
со која насекадe се гордеам
штом таа е призната
од сите земји во светот
затоа што е без граници
затоа што не познава јазици
ниту нации или расизам
Всушност за неа
светот е еден свет
и насекаде може да опстојува
иако не е членка на УНО
ниту во советот за безбедност
штом мојата поетска република
е демилитаризирана
и од никого не стравува
и не знае за агресија
не бара ничија заштита
ниту од НАТО
неа ја штити мојата ѕвезда
која е во созвучје со мојата поетографија
та затоа  
мојата поетска република
со гордост се величаше
низ мисијата на мојот живот
и смело
космополитски потврдуваше
во името на нејзиниот идентитет
дека таа е
со сопствени закони и принципи
и во животот на мојот живот
со независен суверенитет и интегритет
со разни хумани општења
и космополитски определби
за човековите достоинства
и етика
затоа
сѐ што ќе побарате
има во поетската република
човечки верби, доблести
вистини и надежи
целата може да ја видите
по небото на вашите очи
и со благороден свет
да ја чувствувате
благословена со својот бог

Во поетската република напишани се
тестаментот, заветот ,повелбата,
аманетот и епитафот
испраќав посланија и манифести
благодатот во републиката е
продуховено сонцевидно човекољубие
за да може да се спротивстави
па затоа така жилава е
во нејзиното суштествување
пред сите премрежиња, опстојби
биднини,извишувања и непокори

Па затоа на светов
потребни им се поетите
тие што дружат со песната
а не со оружјето
Всушност
песната е мир
а оружјето е зло.

(Името Сакостика, доаѓа од името и презимето на авторот)

САВО КОСТАДИНОВСКИ

savo-kostadinovski-pesna
Саво Костадиновски

Одамна егзистира

мојата поетска република

со моите први лирски најавувања

кога спонтано

со мојот идентитет 

суверенитет и независност

се разобличив пред светот

Тогаш вешто прогледав

низ очите на уметноста

та светот внатре и надвор од мене

го гледав и го доживував

како некое од светските чуда

посебно во ритуалот

кога се роди мојата прва песна

та во таа пригода

високо на јарболот

се развеа

моето поетско знаме

пред грбот на државноста

од каде што се огласуваше и химната

на моето постоење

 

Така се создаде

мојата поетска република

со која насекадe се гордеам

штом таа е призната

од сите земји во светот

затоа што е без граници

затоа што не познава јазици

ниту нации или расизам

Всушност за неа

светот е еден свет

и насекаде може да опстојува

иако не е членка на УНО

ниту во советот за безбедност

штом мојата поетска република

е демилитаризирана

и од никого не стравува

и не знае за агресија

не бара ничија заштита

ниту од НАТО

неа ја штити мојата ѕвезда

која е во созвучје со мојата поетографија

та затоа 

мојата поетска република

со гордост се величаше

низ мисијата на мојот живот

и смело

космополитски потврдуваше

во името на нејзиниот идентитет

дека таа е

со сопствени закони и принципи

и во животот на мојот живот

со независен суверенитет и интегритет

со разни хумани општења

и космополитски определби

за човековите достоинства

и етика

затоа

сѐ што ќе побарате

има во поетската република

човечки верби, доблести

вистини и надежи

целата може да ја видите

по небото на вашите очи

и со благороден свет

да ја чувствувате

благословена со својот бог

                   

 

Во поетската република напишани се

тестаментот, заветот ,повелбата,

аманетот и епитафот

испраќав посланија и манифести

благодатот во републиката е

продуховено сонцевидно човекољубие

за да може да се спротивстави

па затоа така жилава е

во нејзиното суштествување

пред сите премрежиња, опстојби

биднини,извишувања и непокори

 

 

Па затоа на светов

потребни им се поетите

тие што дружат со песната

а не со оружјето

Всушност

песната е мир

а оружјето е зло.

 

(Името Сакостика, доаѓа од името и презимето на авторот)

 

САВО КОСТАДИНОВСКИ

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.