|
||||
СВЕТИ КЛИМЕНТ |
Саво Костадиновски СВЕТИ КЛИМЕНТ Зборот е живот. Тој бил и на почетокот на светот - живот кој живот оплодува и со живот наградува. Така и Твоите слова, Клименте во живот се пресоздале кои Тебе засекогаш Те одделиле од смртта штом светот јасно те разбра како духовен творец со вечен живот и со вечен глас во нашиот македонски јазик. Наша е обврската сега и за навек секој вакуум на нашето време со времето на Твојата заветна иднина да го дополнуваме та растојанието што ги дели Твоето и нашето време ни дава на знаење дека низ сите времиња Твоето време нè задолжило сè дотаму до каде што по вековите се разлевал Твојот светлозрачен живот и во недоглед се издолжувал - со Тебе и ние сме живееле и ќе живееме и со животот на секој наш збор. |