|
||||
МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА |
Саво Костадиновски МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА Востанијата на денот и ропствата на ноќта ја создаваа македонската историја. Затоа во неа гледаме светлина и мрак - па колку и да ја колваат црни птици - за вечен непокор ќе зборува древниот јазик на македонската историја. Била и ќе остане за пример таа зашто не била празна чаура неиспукана туку со светлозрачни истрели на многу славни датуми. Можеби затоа македонската историја со светот може да разменува воиствени светлини - со мрачни но и со светли судбини. |