|
||||
Ветување (за Македонија) |
Проф. д-р Снежана Веновска Ветување (за Македонија) Ти се заветив Македонијо тука, тука ќе останам занавек, довек, тука, тука ќе си ја дадам душата Под ова парче небо полно со ѕвезди, Со месечина огреана од Солуна до Тетово, Со сонце со 16 крака Ти се заветив Македонијо овде ќе останам за да им запалам свеќа на сите мајки и татковци, баби и дедовци, браќа и сестри, на сите чеда македонски што ги чуваш во себе и душата што им ја крепиш за да нè има за да те има. Ти се заветив Македонијо тука, тука ќе останам За гробовите на задушница да не ни бидат празни; леб и пченица, вино и свеќи ќе донесам, белки ќе има некој да ги опее, душата да ми се смири и срцето со љубов кон тебе исполнето. |