|
||||
Прилеп ми е престолнина |
Крали Марко
Прилеп ми е престолнинаПелагонци од хомера,
Македонци од Филипа,
Филипа и Александар,
апостоли и светии
од Самоил собрани
на истите Маркој Кули
кај Цепенко опишани.
Сета мудрост и умови од народот мудрувани
од деца изучени и од цел свет паметени.
Ој ти вило Равијојло,
ој ти вило посестримо,
заврти ги потоците отвори ги изворите,
да потечи бујна река
и Маркова да се вика кај манастир што се гради
се со фрески моја лика,
како што се Маркој Кули,
мои реки и патишта цркви,
мостој и градови насекаде до Прилепа,
каде што сестопалата по ридови,
оставени жигој царски жигосани.
Да брзаме да градиме
зошто мене оставиле да им за заштита,
за заштита и утеха на се што е македонско:
резби,фрески,оро,песни и писмо кириловско.
Зошто Вило посестримо абер вчера ми пристигна,
Крал В'лкашин мојот татко на Марица ми погина
со се целацарска свита со се војска.
Машка рода нема веќе да гине
народ ми под заштита на со моето кралско име,
со векови да се знае мојот народ кој ќе брани. |