|
||||
НА ТАТКОВИНАТА |
Иван ТРПОСКИ НА ТАТКОВИНАТА 100 години Илинден Таа земја што подава раце и шепоти милно во мојот стих беше ко ѕверка постана џуџе а утре утре и в дамнина кој знае што Таа земја в песна што зрачи и тажна се внурнува во мојот дух беше прва постана задна а утре утре и в дамнина кој знае што Таа земја вморник што гори и бунтува вечно во мојата крв имаше народ постана празна а утре утре и в дамнина кој знае што Таа земја в пекол што тони и огнен завет срце ми пали да застанам напред а по мене сите а утре утре и в дамнина ќе знаеме што |