|
||||
ПРЕМРЕЖИЊА |
Саво Костадиновски ПРЕМРЕЖИЊА Пехарот на Балканот отсекогаш бил не со вино туку со крв полн На него е изделкан ликот на болката и на сите премрежиња Во ликот пак ги има мрачните слики на невремињата по Македонија Него не го будат ниту камбаните на векот од чие ехо се слушаат и клетви и крикови и молитви |