|
||||
ЗЕМЈО МОЈА |
Марија Емилија Кукубајска ЗЕМЈО МОЈА Честито да ни’ е празнувањето На твоето, наше, човеково постоење и постојано поставување, сега и засекогаш, со име и имање. Горди, чесни, верни Македонци сме, не самољубиви, самотни самоуништувачи, но самосвесни носачи, столбови на својот дом и род. Домашни задачи да исполнуваме во наше име за светски напредок да се вложуваме, од предок и од потекло длабоко што трае и тече во нашите жили и вени, Жили на Мирот и Вени Неовенати. Нашата гордост - од самопочит потекнува, од самосвест, Од вест носена од еоните - дека СМЕ БИЛЕ, И СМЕ МАКЕДОНЦИ, СВОИ НА СВОЕ ПРАСТАРО, И СОВРЕМЕНО, И НАДВРЕМЕНО НАСЛЕДСТВО И ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИДНИНАТА НА СВЕТОТ одсекогаш што бил о-творено затворен. Нашето Балканско, Европско, планетарно срце среде полуостровот, Не се преполови од сабји што гаѓаат од Г-громови и Шш-шарени ветришта Нечии, празни глави што ги дуваат, полни со отровна прашина – илузии... Одново и одново родени да сме, да се чуваме од туѓи болести, хистерии и трансови пост-оперативни, мани-мани/пулативни. Да се браниме, лечиме, Разумно, учено, искусно, а смирено, да ечиме ВЕРНО СЛАВИМЕ: ВИСТИНАТА Е НЕНАДМИНАТА! ПРАВДАТА - МИР ПРАВЕДЕН ОСТАНУВА ДА ЉУБИ, РОБУВАЊЕТО НА ЛАГАТА НЕ МОЖЕ А ДА НЕ СЕ ГУБИ ПРЕД ПОТЕКЛОТО НА ПРА-ПОДАТОКОТ ДЕКА ТИ СИ МОЈА ЗЕМЈА, НАРОД МОЈ. ИСТОРИЈА ПО ТАТКО И МАЈКА, ИСТОРИЈА ПО КАНАЛИ НА ЗДРАВИОТ КОРЕН, И УМ. |