|
||||
ЗЕМЈA СТРАДАЛНИЦA |
Автор: Гордана Димовска ЗЕМЈA СТРАДАЛНИЦA Ми доаѓа да викнам силно Силно, најсилно од највисоката планина Застанете вие тирани Застанете бездушници Ако вие душа немате Не им ја одземајте и на другите. Денес вековните стремежи паѓаат во очај Ко лист хартија се сторивме Пребледевме, ослабнавме, се изгубивме Чмаеме, тлееме Како најмало жарче во огнот Чекаме да догори Чекаме да се збогуваме Со историјата, со јазикот, со самите себе! Не свиткаа предавствата Ни го одземаат виделото При светлина без светлина Наместо ден, ноќ ни се гледа Ни сонце ни месечина Ќе не огрее... Премногу се извалка името твое Земјо наша татковино Чекаат уште еден чекор да влезат Да, да влезат, но каде Во пеколот на Данте Алигиери А вас ви нудат живот? Живот ли е ова? Не, не е тоа живот кој вас ви треба Чеда македонски, Александрови, чеда Гоцеви. Без страв и срам, без совест чиста Плукаат, уриваат споменици наши Срамно и жално е Но тие го извалкаа твоето лице Еј Македонијо Мајко страдалнице Уште колку ли векови ќе страдаш? Ти си за нас најубавата мајка Најмилата топла рака Која не допрела, не задоила, Не водиш како ѕвезда водилка Душа ни даде, без тебе ќе бидеме никој и ништо! Првонаградена поема на литературниот конкурс на МЛД “Григор Прличев” Сиднеј за 2018. |