|
||||
БОГОРОДИЦА МАЛА |
Томе Велјановски Марулецот, Гетеборг, Шведска БОГОРОДИЦА МАЛА Рождество на Богородица мала во Марул е селска слава камбаната в црква од мугрите тропа народот за прослава го вика. Толпа од народ почнува да иди дневната прослава за да ја види гостите в црква свеќи си палат на упокоените почит му оддаваат. Свештеникот в црква богослужба држи со причесна и нахора на народ му служи секој има право причесна да земи ако на Бога духовно му служи. Домаќинот со погача в црква оди свештеникот благослов да му дади на залаци тој погачата ја дели да има секој од нејзе да земи. Нов домаќин в црква се бира оддаден да е на Бога и вера неговиот мандате година дена траjе на годината мандатот ќе го предаје. За лицитација сите подароци се вадат за продажба нив ги нудат највисока цена кој ќе дава од робота тој ќе зема. Оркестарот активен е со ора и песни музиката негова надалеку таа трешти секој нејзе што ќе ја слуша за в година добре дошол тука. После ручекот гостите си одат со домаќинот тие збогум земаат со пофалби за неговиот дочек и в година да има ваков пречек. |