Биди горда земјо на твојот народ стражари те чуваат од памтивек од века, биди ни спокојна и спокојно живеј и веруј дека светла иднина те чека.
Слогата во нас најмногу ни вреди слогата во нас е најјаката сила а тоа е аманетот на нашите предци аманет за живот и слобода мила.
Ние сме народ со име, јазик и култура и не даваме никој ништо да ни оспорува, штом светот нè знае за древна земја затоа истрајот наш секогаш победува.
А така не учеше вечниот комитски глас како татковината да ја сакаме и да ја браниме, заедно и сложно со востанички дух за секогаш славно да ја одбраниме.
Не замолкнува ехото на вечниот глас штом со љубовта на срцето се слуша, а тоа е љубовта кон татковината со слободарска комитска душа.
Обврска е на сите да бидеме будни татковинската љубов да не ни побледува, со стамени чекори да одиме напред правдата секогаш има да победува.
Македонствувај така народе македонски во душата и срцето со непокор и истрај, секој да се чувствува на горд патриот и тогаш кога неправдите си немаат крај.
Биди горда земјо со твојот народ те чувале, те чуваме и ќе те чуваат, твоите комити, илинденци и асномци борци во свеста со непокор и да не порекнуваат.
Верујте дека и ова безумно премрежје засекогаш во неповрат ќе мине, ќе дојде и часот гласно да запееме МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ.
(Инспириран според говорот на Манојил-Мане Јаковлески одржан на 2 август 2017 год. во Крушево)
Саво Костадиноски |