|
||||
Г О Ц Е В И Ф А К Л И |
Г О Ц Е В И Ф А К Л И По повод 117 годишнината од смртта на Македонскиот војвода и апостол Гоце Делчев (4-ти мај 1903 год.) Згрозен од животот на ропскиот фес Отиде кај аскерот да искаже бес, Штом ги виде на рудина, лавовски им вресна И од себе гуњата на земја ја тресна. „Еј фесови клети со нечесни дела Мајката ваша... ќе ве стрелам в чела, Бегајте одовде, од селава наши Имаме комити не ни требаат паши. Доста е в пранги клетото робје, Доста ни шета анџарот в крвје, Доста е лелек на невести и мајки Носете ги со вас харемските бајки. Оставете го чифликот на племето мое, Оставете го аргатот да жнее на свое, Оставете и бегајте од земјава наша – Бегајте до еден, од султан до паша. Се разбуди свеста кај браќава мои На усните Манифест напишан им стои: - Да кренеме рака за слобода и чест, - Да сотреме племе што посеа бес...!“ Прв викна напред – за слобода со ура, Прв лакомо заплива по јаничарската бура, Прв реденик испука од рамото свое И прв оган запали во срцево мое. Иван ТРПОСКИ |