Среда, 20 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
БИТОЛСКИ КАРАЈНЦИ

1p1

Панде Манојлов: БИТОЛСКИ КАРАЈНЦИ

Шо си, але,
либе, Донке,
вака стросана,
стросана ем трипосана,
та скопци и парамана
на фустан ти висат,
на косата папилокни,
како чикмак
си мори, неметен,
а не дама од Чифте фурни,
та алабраца со тебе
на Корзо, ле, вака,
кај женетите
јас да се корзирам?!

Рано в зори
ми идиш, море,
бекрија, пијаницо,
како Харила
ракија да те служел
а Џеџо со тајфата,
со Манди и Теохари
како на увце,
серенади ти свиреле,
јас за тебе сум дама
суруклеме едно,
Катина на Лала сум,
прва љубов,
за тебе сум
џиш, Џишка,
акмак низаеден,
со чевли ми идиш
не 'лснати, кал калосани
бербат напраени,
не ми отворај, ле,
шимшир порти
од рани и саглам ифтири,
ти море, мој дилбере,
фудул битолски
ко од кремастаре изваден,
со шешир жирардо
на глава француски,
аздиса море,
лингур по меани,
врти куќо без леб
со ѓеврек
од фурната на Китан
ми доаѓаш,
кабадајо кабадајосана,
за тебе сум матмазел
Катина на Лала -
прва дама,
од папафинго што те пуљи,
од Тумбе Кафе
што те ѕирка
кога во "Дај-дам"
со амали пиеш
и пак, силно те љубам
ко конзул битолски да си,
но, знај едно и разбери
та и во Влашко Маало
Влаинките да чујат:
алајка жена не ти сум
питулици да ти прам
кога тебе ќе ти прдне,
не играј се,
але, дрндупка,
не печи дрн-дрн јариња,
не е ова
фурната на Аргирица,
мафтосај се,
оди легни, отрезни се!

"Нели ти реков,
либе Донке,
да не љубиш
битолски ергени,
денес ме пијан
пак донесоа
од битолските меани..."

*Шашрма поезија: песната е напишана на битолски говор за да не ја разберат прилепчани а скопјани ич.

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.