|
||||
И ЈАС СУМ ИСТОРИЈА |
Саво Костадиновски И ЈАС СУМ ИСТОРИЈА Историја е мојата комитска лоза а јас нивни потомок „борец” со перо в рака, така е штом гените спотнуваат гордост да бидам горд како срцето што сака. Перото ми е пушка огнобојка штом зборот грми најсилен е екот, секоја песна е моја војвотка смела таа ја множи вистината на векот. И јас сум историја на моите претци илинденци, комити и АВНОЈ - ци славни, тоа ми сведочи на мојот борбен дух сѐ возможен да постојам со моите зборови јавно. Но кога мислата ме разнесува ко 'рскот на бомба и кога би крвавел од смелоста на стихот, нема да престанам тоа што сум во светлина пак ќе гледам, а не во мракот. Соборец ќе бидам, ќе македонствувам пред светот ќе ја кажувам вистината, завети ќе оставам и на потомци идни како и тие да ја негуваат македонштината. |