|
||||
КАДЕ СТЕ ? |
Саво Костадиновски КАДЕ СТЕ ? (Не случајно ја напишав оваа песна,а предизвик ми беа договорите за пријателство со република Грција и република Бугарија, во кои неоправдано се разобличува историското минато на Република Македонија. 15.05.2020 год.Келн) Каде сте? тврдокорни борци војводи славни Комити храбри поборници на војната од љубов спрема татковината со паролите за слобода или смрт Послушајте, овој народ не е жеден за вода туку за комитска песна Каде сте? песната со завет да ја допеете во душа рани да излечите на светот да му докажете дека во сечии македонски дух по еден буден комита се крие, Кажи те им да престанат да ријат како кртови по нашето македонско национално ткиво да не нѐ демнат со безобличена историја кажи те им ниту ропските векови не го замрачија сонцето над македонија а и тие не Каде сте? стани Гоце исправи се стрелај во зборовите без душа кои нѐ напаѓаат оживи со моќта на комитска сила и нишани во срцата кои со злоба толчат врз македонската бидина кажи им ти дека во свеста на твојот народ ние сме од сѐ и сѐопшто но пред сѐ семакедонски И колку да е тешка нашата историја и потешка од земјата македонска да биде сепак зборот македонија ќе остане да вреди за најскап збор во срцето на македонскиот јазик, зборот, секогаш е силен и вечито грми како национ на истрајот како зачувано сведоштво и аманет на идните генерации кои во слобода и во мир ќе ни се множат. |