|
||||
Каде се чуло, видело,мома војвода да биде? |
Каде се чуло, видело,мома војвода да биде? На седумдесет другари, на тие гори зелени, на тие гори зелени, на тие води студени. Сирма на другари говори: - Тоа со лутина не бива, ќе врземе прстен на бука, пукајте редум на нишан, кој ќе ми прстен прониже, тој ќе ми биде војвода. Сите си редум пукаа, никој ми прстен не удри, Сирма ми вели, говори: - Подајте ми мене пушката! Пукна ми пушка од рака, прстенот падна под бука. Пак Сирма им вели, говори: - Ќе фрламе камен, другари, кој ќе ми камен натфрли, тој ќе ми биде војвода, тој ќе ми биде војвода, на седумдесет другари. Сите си камен фрлаа, никој си камен не натфрли, Сирма си камен натфрли, десет чекори потаму. Тогај ја Сирма избраа, војвода Сирма да биде. |