|
||||
Споменот клокоти |
Споменот клокоти како варовник во вода.. Мајката, во една рака, земја, во друга рака босилек има. Само да крикне. Само да офне. Живо дрво заклано а од коренот, вода извира, меѓу вчерашната ноќ и денешниот ден. Само еден чекор, чекорот станува црвен.. Каде сте? Прадедовци, Илинденци, Земјо црвена? Времето го тргате, заминува, заминува... Ќе заборавиме.... Сме се раѓале, сме се имале, во сонцето сме гледале... За земјата црвена сме гинеле. Виолета Сековска |