|
||||
Васил МАНЕВСКИ: ЗАДУШЕНИ ЖЕЛБИ |
Васил МАНЕВСКИ: ЗАДУШЕНИ ЖЕЛБИ Поради трката по парите, Mногу илузии се срушени, И на младите и на старите, Многу желби се задушени! Вистинскиот труд веќе нема цена, Нечесната трговија секаде царува. За стотина евра се купува жена, На моќници задоллства да дарува. Веќе не постои ни морал, ни етика, Кичот во уметноста стана мода, Заборавивме што е тоа естетика, Каде не носи бранот матна вода? Можеби ќе дојдат поарни денови, Можеби се не е изгубено, страшно. Можеби ќе дојдат генерации нови, Што вистината ќе ја љубат страсно. (Духовни вертикали и хоризонти) |