|
||||
Емина Спахиќ : МАКЕДОНИЈА |
Емина Спахиќ поетеса од Скопје МАКЕДОНИЈА Те сонувам често во сништата сини, од што ли си? Од кал од жед од бисери од искони?
Големото славје на Бога е гозба и пир за сите нас и бакарот и сонцето и езерата и планините овде во тебе се чисти и вечни.
Само гласникот мирот го носи а ти гориш во нас и пред Големата трпеза на ископините ја разоткриваш таа убавина и тајна во шепот.
Те сонувам, те сонувам земјо моја единствена... |