|
||||
Васил МАНЕВСКИ: СПОМЕН |
Васил МАНЕВСКИ: СПОМЕН Еден ден во Скопје на тврдината Кале, Се сретнав со двајца пријатели стари. Првиот од Тиквеш, вториот од Малеш, Задоволство што не се купува со пари. Тројцата се сетивме на раната младост, Кога во Струмица бевме средношколци. И кога кришум одевме на крајот од градот, На гробовите на студентите - Македонци. Шепотеа нивните сограѓани - струмичани, Дека биле родољуби и кој од кого поубав, Една вечер од милицијата биле собрани, И со животите платиле за својата лубов. Без судење, на Беласица биле засртелани, Ѕверски убиени со куршуми во срце и чело. Македонска легенда се за граѓани и селани, Прашувам: кој го извршил тоа грозно дело? Леле, колку е крвава македонската историја! Полна со бестрашни јунаци и со предавници. Зaпишани во колективната народна меморија, Вистини што мора да ги знаат и нашите внуци. |