|
||||
Розита Христовска: Сплотете се Македонци!!! |
Розита Христовска: Сплотете се Македонци!!! ЕЛАТЕ!!!!!!!!! Се' уште ве чекам вас мои сопатници низ мракот во потрага по светлината. Се загубивме скршнувајќи кој натаму кој наваму по беспаќата без патокази. Елате овде вистинољупци да се собереме на едно место ние клетниците на векот, оти сте мои а јас ваша, сите родени од иста мајка благословена од творецот да биде вечна светлина. Дојдете овде со остри копја да ја пресечеме тишината што ни го заробила гласот та како привиденија без лица талкаме босоноги низ трње а крстот го загубивме негде во сопственото проклетие. Елате со крик и со пискот да го срушиме ѕидот на молкот што ја крие беседата заѕидана низ тулите од туѓи ѕидари со маски, ѕидот исправен на брегот крај реката на вистината. Само вдишете длабоко за да ве држи здивот, оти пред нас е голема вода со лизгави стапици на дното. Ќе ја минеме или ќе умреме со недоречена вистина. Со украдена светлина блесната на туѓо небо. А наша е светлината и само една е вистината. Елате! |