|
||||
Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата... |
Стихови за Македонија напишано од Петре М. Андреевски. Секоја ноќ те сонувам и си велам: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна империјо, распослана на половина планета, од Пела па се до Персија, до Индија… Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Алфа и Омега… па Аз, Буки, Веди, па А и Б… Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби… Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни… Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е… |