|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ : ПОДАРОЦИ НА ТАТКОВИНАТА |
САВО КОСТАДИНОВСКИ Добриот наставник е како свеќа, се троши самиот себеси за да им го осветли патот на другите. Кемал Ататурк (на Васе Силјаноски, одделенски наставник од Македонски Брод) Благодат е тоа штом душата на зборот за незаменлива алатка ти служи и до кога ќе можеш со неа мудрост да всадуваш во свеста на твоите ученици за со мислите да расцутат во пролетта на нивниот развој за сами со време да созреат со сопственото сонце во летото на нивниот живот неоти светлината на твоите зборови со знаење им го осветлила патот кон нивната иднина така што во твојата порака до твоите ученици треба да стои дека нема враќање назад штом животот ги оддалечува од веќе пожолтените тетратки и дека не постои друга математика освен таа формула која животот ќе им ја наметне Но, спомените вечно ќе останат и ќе раскажуваат кој бил Васе Силјаноски и со каков ентузијазам ги челичел своите ученици Нели, тоа се најдрагоцените подароци што еден наставник со децении ѝ ги подарувал на татковината. |