|
||||
ПРЛИЧЕВ – ШТИТ И ШТАФЕТА |
Саво Костадиновки ПРЛИЧЕВ – ШТИТ И ШТАФЕТА
Колку колку е поголемо растојанието до твоето време сѐ поблиску сме до вистината на твоите дела кои како штит нѐ бранат па затоа и ние ги чуваме со рацете на нашите срца Будно време, кое го осветлуваат и молњите на историјата и ја издолжуваат сенката на твојата слава од која некои си, и се плашат штом како низ иглени уши се провираат за да не ја кажат вистината Годините си минуваа во прегатка на вековите а твојот семожен глас вечно се разгласува дури и громогласно ќе грмне доколку се повампири нечија изопачена историја врз биднината на Македонија Бидејќи таквите ѕвезди како тебе и дење им тежат над нечии вжештени глави па затоа сите ние поети и непоети како штафета ја носиме Твојата слава бранејќи го нашето книжевно постоење. |