|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ : НЕПРЕСАДЕНО ДРВО |
САВО КОСТАДИНОВСКИ -На Виктор Бивел од Сиднеј, автор и активист, инспириран од текстот, „Колку Македонци живеат во странство“ од 28.12.2020 година- Не познавам Македонци кои се чувствуваат како пресадено дрво во туѓа земја Не познавам ниту земја која ќе успее да го размакедончи чистокрвниот Македонец О, вие Македонци насекаде по светот расеани по полето на туѓината вие, и во сонот ја гледате низ далечината сончевата светлина што грее над родниот крај Така е и со роднокрајната песна небаре потомок на песната печалбарска што вашите предци ја пееле Затоа таквата песна навестува и пожари од носталгии таа може и зборот да го раздроби на неминливиот копнеж за да излета од душата чемерот од осамата, а на копнежите во татковината сонце да им најде Не, не познавам Македонци кои се чувствуваат како пресадено дрво во туѓа земја Не познавам ниту земја која ќе успее да го размакедончи чистокрвниот Македонец Та секој е должен осведочено да ја чува иднината на Татковината со струењето на крвта топла во вените и во студеното невреме. |