|
||||
КИРИЛ КАНГОВ : ХОРОТ НА ФАЛАНГИТЕ |
КИРИЛ КАНГОВ Престорени ли сме во облак астероиди Од утробата на земјата во ужасни далечини Вселенска армада ли сме или подивена комета Зауздани од очната страст стигнавме До бесконечноста на меланхолијата Кај што рикаат звучните реки на неизвесноста И се е присутно, само заборавот го нема.
Мораме да влеземе во кругот на копнежот Да му се вратиме на времето, сонот и сонувањето Во големата метафора што го врти Светот И секое битие го враќа во својата праматерија И ние не сме без своја семка, сенка и именка Носиме белег, загатка запечатена во јатка Носиме пејзажи од заумни галаксии Патеката ни е понорница мистерија и со сила Од космичка енергија сееме бура, паника и страв И во струјно коло стреламе во кос стил Предноста наша е во тајната на војувањето.
Значајното за нас не се намалува против нас А нашите победи охрабруваат до восхит Но никого не штитат од порази и врази Но ние имаме вродена дарба варварска Одеднаш да стигнеме кај што ќе посакаме И ако озрачени од Сонцето, не сме без лик и јазик И ништо не може со молчење да се премолчи Ние сме одрон камче од мозаикот на вистината Која постои каде што остана да не чека Надежта И светиот спомен што некој ни го разграбува И денес со чувство на цинизам Го сведува на обично прашање |