|
||||
ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ-ПИСАТЕЛ СО БЕРИЌЕТ НА КНИГИ И СЛАВА |
САВО КОСТАДИНОВСКИ
ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ-ПИСАТЕЛ СО БЕРИЌЕТ НА КНИГИ И СЛАВА
(Повод дваесетгодинешното издание
на неговиот роман Марта)
Штом соживот си нашол
со мислата на прозата
далгите на твојата дарба
веднаш те понесле по широкото море
по кое неуморно и вешто пловиш
со пишаниот збор-со реченицата
Но внимавај,
вешто и итро со творештвото
и тогаш
кога ти одмораат раката и пенкалото
а зборот ти е преоблечен во инкубација
и потајум тлее во битието на авторот
и во времето
кога на часовникот стрелките се поколпени
додека не се разгласи исчекуваното
нов порив
повторно да се обединиш со реченицата
а со зборот да продолжиш
да ја множиш твојата слава
за сама да може да се одбрани
во секое време на векот
иднината да не те заборави
Вистина е тоа,
во секој твој роман
непоштедно читателите
ги исполнуваш со радост и восхит
неповторлив писател
најбериќетен на софрата
на македонската литература за млади
Затоа
славата на твоите дела
во твое име
самодоверливо ќе се повикуваат
како судбина на дланка што се чита
вечно да останеш во твојот сон. |