|
||||
МАКЕДОНСКИТЕ МАНАСТИРИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ Имињата на македонските манастири, отсекогаш надалеку се слушале.
Дури и во времето кога непријателите немилосрдно ги рушеле. Манастирите ѕвонеле разгласено во душата на секој Македонец, зашто и Бог бил на нивна страна; тој бескрајно голем свет борец.
Било да е Манастирот Лешочки, „Свети Пантелејмон“ или „Свети Архангел“, за нашата земја тие се тоа што е за небото светиот ангел. Неуништиви се македонските манастири.
Сите на оваа наша земја позната од искон. Тие се сведоци на нашето постоење. Тие се вечно разгласен ѕвон. |