|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ:МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ Во оваа древна библиска земја со восхит и почит секој слуша за светата мајка црква - мевлем за сечија душа. Поткрепа за благочестиот народ. Црквата му е како десна рака, и како свет патоказ кон Бога е израз на љубов од срце што сака. Да ги спомнеме: „Света Богородица“, „Света Петка“ и црквата „Свети Спас“. И „Свети Никола“ и „Света Софија“... Црквите се вечен македонски глас. А како верници, со благочестив дух, вака секогаш ќе си велиме: од нашите мајки - православни цркви, никогаш не се делиме! |