|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ:МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТЦИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ МАКЕДОНСКИТЕ СВЕТЦИ
Кирил и Методиј Солунски, тие први славни учители, и Светите Климент и Наум Охридски, познати се како свети просветители.
Историјата вечно ќе ги памети и незаборавните Свети Пустиножители, Свети Гаврил Лесновски и Свети Јоаким Осоговски, и борбениот дух на Свети Прохор Пчински.
И за многу други светци знаеме, како Свети Јован Кукузел и Свети Мегленски.
И многу други, кои го огласувале светиот дух наш, македонски. Во одбраната на христијанската вера, биле пожртвувани светите маченици Нектариј Битолски и Георгиј Кратовски, докажувајќи се како големи верници.
И житијата на великомачениците, на Света Злата Мегленска и Спасо Радовишки, остануваат засекогаш запишани со натприродни чуда - чудовишки. |