|
||||
Оливера Јовановска - Мелбурне Австалија: НА МАЈКА ТЕРЕЗА |
НА МАЈКА ТЕРЕЗА Гонџа име ти ставиле Оти тоа значи пупка или цвет од роза На Албански јазик, Џаде од рана младост ти фати Амбасадор на мирот стана и Монахина од Бога благослвена.
Агнес ти е второ име Гордост наша, Нобелова награда во 1979 ти е доделена Епитети многу наредени, Симбол на мирот си ти и Светица на бедните.
Божјиот повик во 1946 те повика Од тебе побара, на сиромашните да им помагаш, Јазол од пораки за мир да плетеш Амајлија да им бидеш, Џабе се да даваш, за добра мисла пари да не бараш И поради тоа Светица те нарековме Утробата мајкина блажена да ти е.
Автор Оливера Јовановска - Мелбурне Австалија
Почитувани пријатели, Голема чест и задоволство ми е да ве известам дека на 3ти Септември 2023, во музејот спомен кујќата на Мајка Тереза во Скопје ми е доделена награда: Прво место за дијаспора како претставник од Мелбурне Австалија. На конкурсот во чест на Мајка Тереза што беше организиран од Граѓанското здружение на Скопје, ,,Скопјанката Мајка Треза“ , во рамките на манифестацијата ,,Денови на Мајка Тереза“, беа доделени 6 награди од кои 4 на уесници од Австралија, Канада, Европа и Македонија. Другите 2 награди беа за рецизенти од кој едната и беше доделена на професорката Виолета Ачковска. |