|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ: АНТЕ ПОПОВСКИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ Денеска во мене запеа поетот со мислата на зборовите за татковината збор ми роди која и во сонот небесен во срце ја носи историјата и антиисторијата затоа лесно се претпознава поетот на непокорот.
Напати воскресна со света љубов и пропетелчи неговата „Сина птица“ на „Дрвото што крвари“ да ми ги растајни знаците на Антевото „Непрочитано писмо“ па ме претвори во сон во сонот древен затоа лесно се претпознава поетот на нацијата.
Многугласни се стиховите на Анте пред вековната историја та со гордоста спрема татковинството песните од уроци ја бранат и нашата света љубов спрема светата земја да не потоне бродот на биднината впрочем со возвишје на внатрешни гласови сите заедно сме со лирикот со поетот за Македонија.
(Напомена: Насловите под знак наводници се од Анте Поповски) |