|
||||
Македонски народни песни запишани од Јосиф Чешмеџиев |
МагдаОгрејала месечина, леле, Жаљба за младост
Да знаиш, моме, да знаиш, Девојче море девојче
Девојче, море девојче, Абре лудо, аџамијо
А бре лудо, аџамијо, Кукни кукувице
(Љубима песна на Гоце Делчев) Јосиф Чешмеџиев, композитор, диригент и фолклорист, спаѓа во најзначајните собирачи на македонски народни песни. Со она што го запиша и објави, а уште повеќе со она што остана необјавено по неговата смрт тој заслужува многу повидно место во нашата национална култура. Роден е на 21 октомври 1890 година во Скопје во стара револуционерна фамилија. Татко му бил управител на епархија. Бил осуден на смрт во 1903 година. Се школувал во Солун каде што бил ученик на Атанас Бадев Се школувал и во Бугарската духовна семинарија во Цариград (Турција) каде што инструменти учел кај Акзенштајн, капелмајстор на султанскиот духовен оркестар. Тука раководен ученички оркестар и ги напишал првите композиции. Во 1908 година во Скопје раководен голем хор и духовен оркестар составен од калфи и чираци. Во 1909 година се запишал на композиција на Државниот конзерваториум во Лајпциг (Германија) каде што завршил во 1913 година. Едно време бил помошник капел мајстор во Хамбуршкиот драмски театар. По Балканските војни заминал во Бугарија каде што остварил значајна просветна дејност особено меѓу македонското население во Бугарија. Како композитор остварил забележителни резултати во областа на хорската песна. Напишал голем број детски песни, песни за мешан хор, направил обработки на македонски и турски песни итн. Автор е на две симфонии и пиеси за оркестар, инструментални пиеси, песни за глас и пијано, масовни и естрадни песни и др. Автор е на учебници по пеење, статии за композитори од областа на музичкиот фолклор итн. Негови композиции се: 3 симфониски поеми г-мол – 1920, оперите „Тајната на Вардар“ (1918) и „Меглена“ (1924) многу оркестарски творби, кантати, камерни творби, инструментални пиеси, уметнички соло и хорски песни итн. Има запишано и неколку илјади народни песни. (Подготви Марко Китевски) |