Среда, 08 Февруари 2012    PDF Печати Е-пошта
Свадбарски песни од село Горно Броди, Серско

svadbarski-pesniПриќа ти слагам, моме ле, приќа ти слагам,
да са кердосаш, моме ле, да са кердосаш,
с’с прво љубе, моме ле, с’с прво љубе,
и с м’шко дете, моме ле, и с м’шко дете.

 

 

 

1.
Приќа ти слагам, моме ле, приќа ти слагам,
да са кердосаш, моме ле, да са кердосаш,
с’с прво љубе, моме ле, с’с прво љубе,
и с м’шко дете, моме ле, и с м’шко дете.

2.
Звјазда трепти ле по трепеза,
не е звезда ле, невјаста е,
девере са ле облагаха,
кој шта служи ле силна сватба,
шта ја служи ле, невјастата,
служештем ја, ле, задремала.

3.
Ој, дабијо, дабијо, син зилен дабјо,
ој што си, дабјо, силен повехнал,
зилен повехнал, сухар ис’хнал,
чи как ни шта с’м зилен повехнал,
зилен повехнал, сухар ис’хнал,
у ваши двори две сл’нца грејат,
а пак у наши – м’гла паднала,
м’гла паднала, м’гла по земја.

4.
Увила лоза, увила, около село Крушоу,
околу село Крушоу, околу града Солуна.
не била лоза винена, мо била Јанка девојка.
Ај с’брали са, море,  триесте делии,
с’брали са се, море, триесте делии,
ај да ми јадат, море, и вино да пијат,
да ми јадат, море, и вино да пијат,
слуга ги служи, море, гиздава девојка,
ај на сјаки си, море, чашка наполњува,
ај на Стојана, море, чашка препо’лњува,
ај ги догледа, море, Миху Харамија,
Миху харамија, море, царски челебија.

На жетва се пејат следниве песни:

1.

Мари широко е ле, Драмско Поле,
мари широко е ле, сенка нема,
мари нито сенка ле, нито вода,
мари само има ле, адно д’ро,
мари адно д’ро ле, јауроу,
мари јауроу ле, дафиноу.

2.
Мари карај поста, моме ле, мари да караме,
дано на крај, моме, да искараме,
мари на крај има, моме ле, зилен јаур,
под јаура, моме ле, мари,детелина,
мари детелина, моме ле, за двамина,
за двамина, моме ле, мари луди млади,
мари луди млади, моме ле, не годени,
не годени, моме ле, не женени.

Горно Броди претставуваше една мала селска република. Населението живееше, подалеку од Сер, Неврокоп и Драма собрано во еден планински лавиринт и до него се одеше по коњски патеки. Горно Броди беше незасегнато од турската администрација. Секоја година во месец март во определен ден порано од селаните, се собираа во дворот на големата црква Свети Димитрија“ наседнуваа под големиот јавор и започнуваа да зборуваат за селските работи. Тука секој можеше да земе учество и да се произнесе за заедничките работи. Се разбира обично говореа, критикуваа, и еден вид агитираа, потоа излегуваа со свои предлози. На сиромасите не им личеше да зборуваат во такво друштво. И ако некој посиромав се обидеше нешто да каже, тоа го правеше некако со стеснување, пак ако некој од богатите го пресечеше тој се збркуваше и беше смешен пред другите. За народните собранија пее и Хомер во Илијадата, такви биле и словенските племенски собранија. Со гласно одобрување на повеќето од чорбаџиите и со молчалива согласност на народот се избирал коџобашијата – кметот на селото за една година. На истото собрание се избираа 6 до 12 ази, советници на кметот, и петмина маалски бирници „капсимали“. Кметот и капсималите добиваа по 1500 до 3000 гроша, а азите 500-600 гроша годишно. Капсималите издава пусулче за платениот данок, тој што не земаше пусулче – расписка, можеше и два пати да го плати данокот особено кога ќе се случеше да има некој капсималин – батакчија. Во старите времиња капсималиите се служеле со рабуши и четали.


Баждаров, Г. „Горно Броди“, Софија 1929.

(Подготви Марко Китевски)

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.