Среда, 14 Март 2012    PDF Печати Е-пошта
Свадбени песни од Разлошко

svadbaКога ги плетат венците за кумовиот леб пеат:


Куме ле куме млади куме,

кумовите коне,

на ветер стојеа,

триндафил гризеа.

Или:

Куме ле, млат куме ле,

куме ле јаг’ си мислил

куме ле, кум да си бидеш,

куме ле што не си личил,

куме ле, пу сичка града,

пу сичка града Софиа.

Откако ќе ги направеа венците за деверите и за лебот на кумот една од момите го зема венецот за момчето го става на главата и почнува да игра и да пее:

Ружице ле, бела Ружо,

шту се здига прах пу поле,

прах пу поле, дим пу гора?

- Цар си Стефан сина жени,

сина жени штерка глави.

Това си с’ кумовету,

кумовету, сватовету.

Откако ќе се изигра орото, кое момчето го гледа од внатрешната страна на  куќната врата момата на чија глава е венецот се доближува до момчето, а тоа каснува со устата од венецот на четири страни од цвеќето и го голта. Потоа му се дава венецот, откако ќе даде бакшиш на момите затоа што му играле и што му полејале вода да се измие, и да го бричат (имал, немал брада треба да се бричи). Во водата со која се миел за да го бричат, се тура малку вино и здравец. Берберот што ќе го бричи треба да е ерген со мајка и татко. Кога се бричи момчето момите пеат:

Калинчице, капчице,

капни ми, војно, на двори,

дано се војно разбуди

да види , војно, што либи.

Бре бела ни Радо,

дојди дувечера,

да ни видиш брата,

ка се прибричува.

Откако ќе се избричи момчето почнува да се преоблекува (преоблача). Пред да се преоблекува, сите облеки што ќе ги облече момчето се мерат заедно со обувките. Кога се преоблекува момчето момите пеат:

Радо, бела Радо,

дојди дувечера

да ми видиш брајно,

ка се пременува

и распременува

смилено сублачи

копринено јоблачи.

Пред да почнат да јадат кумот и старосватот две моми со накитени венци и со леб им пеат:

Куме ле, млади куме ле,

кату си мислил, куме ле,

куме ле, кум д идеш,

купил ле си, куме ле,

на младата кумица.

Тргнувањето на сватовите од домот на момчето се огласува со пукање на неколку пушки и пиштоли и момите разделени на две групи пеат:

Сестра брата пратила,

ф друго село за мума,

кату го је пратила,

милно му се молила:

- Мили брајно, постари,

аг’ идеш, брајно ле,

на момини дворове,

брже ут кољ брајно ле,

брже ут коњ не слазеј.

Дурде се мума премени,

премени и распремени,

да даваа моми прекиа.

Со пеењето на таа, но и на други песни (додека гајдата непрекинато свири) идат до момините порти, а кога ќе доближат други моми од моминат страна пеат:


Стојте, пустојте,

другоселски сватуве,

дурде се мума премени,

премени и распремени.

Кај невестата се подготвуваат за свадбата и ја плетат невестата.. Ја плете мома што има татко и мајка и ја плете не како што  се плетела дотогаш туку како што се плете невеста. Во тоа време момите пеат.

Јубаво ме, мили друшки, јуплетете

ќе ќу, дида мили друшки, ф друго село,

ф друго село, мили друшки, ф друзи људе,

ф друзи људе, мили друшки, к друга мајка,

к’ друга мајка, мили друшки, друзи татко,

друзи татко, мили друшки, други браќа,

друзи браќа, мили друшки, друзи сестри.

*

Чеша плива пу море,

пу сребрано курабе,

та не ми је чешица,

туку ми је девојќа,

злат ја прстен гонеше,

та не ми је злат прстен,

туку ми је млат јунак.

Пред венчавањето, пред попот да почне да ги венчава на момчето се дава една бела пара која ја става на палецот. Во тоа време момите пеат.

Јунак стрели стрелеше,

стрелите му падаа

пу момини дворове.

Маќа стрели береше,

та си глава переше.

По испевањето на таа песна попот го тера деверот да ја обуе невестата со папуците донесени од кај момчето и додека деверот тоа го прави момите пеат:

Јобуј, собуј,  е девојќо,

баштина купја,

та си јобуј, е девојко,

рабрува купја.

рабер купува, е девојќо,

и се радува,

башта купува, е девојко,

и се пукае.

Од записите на Серафим Бојанов.

Серафим Бојанов спаѓа меѓу значајните но помалку познати собирачи на македонски народни умотворби. Роден е во село Долно Драглиште, Разлошко како што самиот сведочи во 1863 или 1865 година. Се школувал во родното село, потоа во околните села Белица, Јакоруда и Бања. Потоа во Софија завршил класична гимназија.  Бил учител во Цариград, потоа во Банско каде што со лични средства го уредил пансионот за талентирани деца. Работел и на многу други места.

Многу рано ги согледал вредностите на народните умотворби. се одушевувал од зборниците на браќата Миладиновци и на Васил Чолаков. Објавувал во Периодическо списание, и во Сборник за народни умотворенија наука и книжнина што излегувале во Софија. Објавил книга епски песни запишани од слепиот гуслар Никола Тилев, а голем број негови записи останеле во ракопис.

Серафим Бојанов починал во Софија во 1937 година.


(Подготви Марко Китевски)

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.