|
||||
Песна за Мирка Гинова |
Мирка Гинова била учителка и борец од Граѓанската војна во Грција (1946-1949). Мирка и нејзиниот брат Ташко биле деца на Коста Гинов учесник во Илинденското востание. Мирка била родена во 1916 година. Кога започнала Граѓанската војна во грција таа стапила како партизанка во редовите на ЕЛАС (народна војска) која се борела против грчките монархофашисти. ненадејно била фатена и однесена во затворот во Воден каде што била сурово измачувана со цел да ги каже своите другари. Храбрата Иртини Гини како што ја ословувале грчките националисти, останала тврда како камен. никого не кажала, никого не предала. И на самиот судски процес храбро и достоионствено се држела. Била осудена на смрт со стрелање што било извршено на 26 јули 1946 година во јаница (Ениџе-Вардар). Мирка уморна заспала, Рано в зори пристигнале, Во град Воден ја носиле, Кажи кажи, мори Мирке, Никој Мирка не кажала, Оваа песна со текст од мелодија ја запишав од Русија Топкова од Воденско, чиј сопруг загинал во Граѓанската војна во грција. Во 1964 година со својот сопруг живееше во с. Смоквица, гевгелиско. Идентична варијанта на оваа песна во однос на текстот а со променлив ритам на мелодијата среќаваме во збирката „Македонски народни песни од Мегленско“, Скопје 1985 од д-р Трпко Бицевски. Македонијо земја измачена Во фашистичките затвори на Балканот и окупираните делови на поделена Македонија беа затворени и мачени и убиени голем број македонски синови и ќерки заради тоа што ја сакаа својата земја Македонија и се бореа за нејзината слобода. Анонимниот народен творец испеал песни на поголем број од тие борци и маченици за слободата на својот народ и татковина. Македонијо земјо измачена, Зашто да си вечно измачена, Слушај, слушај младеж македонска, Оваа песна ја составил испеал Лазар Манчевски од Кавадарци во 1943 година додека бил во затворот во Кавадарци. Песната ја мелографирал Васил Хаџиманов, а ја нотирал Ѓорѓи М. Ѓорѓиев. Поместена е во зборникот „Македонски народни песни од НОБ од авторите д-р Лазо Каровски и д-р Ѓорѓи М. Ѓорѓиев, а во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје 1980 година. (Подготви Марко Китевски) |