Среда, 31 Октомври 2012    PDF Печати Е-пошта
Македонски народни песни од село Зарово (Солунско)

Zarovtsi_Samokov_1913На североисток од градот Солун на растојание 9 часа или околу 45 километри се наоѓа Лагадинската околија село Зарово, расположено на едно извишување од Карадаг или Круша Планина.  Тоа се граничи со селата Негован,  Богородица, Висока, Берово и р. Богдана.

…Тоа било предизвик и за А. П. Стоилов да запише народни умотворби и да изготви студија за ова село.

Садила Гела босиљак,
на суха хрида без јода, (вода)
јода нема да го вади,
плета нема да го гради.
Гела си очи цадила,
та си босиљак вадила,
Гела си вежди кинала,
та си босиљак градила.
- Чин ми се, Боже, босиљак,
чин ми се гора зелена!
Как се девојка молила,
т’ј ми босиљак нараснал:
под него офци пладнеха,
под него људи седеха.
От там мина левен Митре,
левен Митре терзичечто,
скина си ср’ка босиљек
наренди ја на чалмата ,
отде го виде Гелина,
љута го клентва проклела:
- Ис’хнала ти р’нката
като Гелино босиљак!
Ја тој и вели-говори:
- Не к’лни добра девојко!
Јази си имам армасница
и тја тебе за те к’лне!

(Слушана на оро во Зарово).


*Вергино, мома јубава!
Зела кад’на бардако,
м’р да јотиде за јода,
от неја река далеко,
отгде ја вида Турчин,
и он отиде по неја,
а тој и вели-гоори;
- Подај, Вергино, бардако!
Викна, Вергина, заплака:
- Јој леле, Боже до Бога,
што е това лудо до мен?
Мене ме е мајка зарекла,
зарекла, дилбер проклела,
на Турчин јода да не дам,
на каурин ран босиљак,
че Турчин е клето куча,
каурина е касканџија.
*Бигала е Велика влахиња,
по едно старо харо гурливо,
старо гурливо, гиди махнето,
гиди махнето, гиди грбато:
На р’нка му легне, кат на грамуда,
ф пазука му бркна кат на студен камен,
д’хо му мириса на гнила јаб’лка.
Младо младо гиди росно злато,
гиди росно злато, првно љубо!
на р’нка му леге шиперница (перница)
ф пазука му брка кат ф коприна,
дахо му мирисе на ран бел босиљак.

Слушани од Марија Вангелова во с. Белица (Светиврачко) на 15 октомври 1927 г.


*Девојко мари изгоро ле,
од Бога нашла тојата мајка,
што те пуштила рано за јода,
рано за јода ф недеља,
там где идат Турци, каури,
Турци каури млади јунаци.
Ја те и вељат-гоорат:
-Девојко, мари, изгоро ле!
Откак си села ран босиљак,
не си го видела, вадила.
Чини ми се честа планина,
под него људи седеха,
људи седеха, офци пладнаха.
От там помина луд гидија,
мома му вели – гоори:
- Ко си ерген, постој, чакај,
да ти дам китка мешана;
ко си женен глендај си п’нто,
глендај си п’нто, скрши си врато!
- Не с’м ерген, но посрнен,
мајка ми зела невеста,
харо дремливо, мошне спанливо:
фашта да пере, пере и дреме,
гарги врвјат, сапун и дигат
фашта да меси, меси и дреме,
кокошке врвјат, тестото дигат.


*Дилбер Стојна хубава,
дилбер цвете в гардина (градина)
што расцвти у година,
еднош не влезе у гардина,
да набериш да нарендиш?
Стојна бели крај Вардаре,
Вардар дојде, пројде,
јодзе Стојна надолу
надолу к’нда реката,
чобан пасе стадото,
теко стадо белицко.
Стојна му вели-гоори:
- Јој чобанче, хајванче!
Не ми м’нти јодата,
Извади мома од бел Вардар,
јотнеси ја у дома и,
мајка и за те подари,
тенка кошуља ленена;
сестра и за те подари,
сина риза везана;
брат и за те подари,
чиф пиштоли да меташ.

Слушани од Ангелина Дељова во с. Белица (Светиврачко) на 15 октомври 1927 година.
Од записите на Антон Поп Стоилов.

Антон П. Стоилов е познат собирач на македонски народни умотворби. Роден е во селото Лешко, Горноџумајско 1869 година. Собрал богат фолклорен и етнографски материјали од разни краишта на етничка Македонија каде што бил учител. Објавил повеќе книги. Починал во Софија во 1928 година.

(Подготви Марко Китевски)

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.