Среда, 24 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
Водичарски песни од Охридско

Мирче мајка скореваше:
- Стани, стани, стара мајко,
усучи ми жолта свеќа,
сите в црква испојдоа,
сите коњи изврза,
кој за трнче, кој за грмче.
Мирче врза за плочица,
за плочица, мраморица,
коњот беше аџамија,
тргна плоча е откорна,
под плочата шарен ковчег,
во ковчегот две девојки,
две девојки еднолики.
Прва беше Света Петка,
друга беше Света Недела.
Света Петка се загрми,
Света Недела се замагли,
зашто везат девојките,
девојките, невестите,
зашто везат во недела,
во недела мошне рано.
*
Гора мириса темјаносина,
темјаноина восокоина,
во гора имат лепи манастир,
во манастирот девет попои,
девет попои десетто ѓаче,
десетто ѓаче, ѓаче Никола,
книга гледаше, солзи ронеше.
Ми го догледа стари егумен:
- Ај не борете ѓаче Никола,
што книга гледаш, што солзи рониш?
- Ај не борете стари егумен,
ова година, морна година,
малките деца пепел ќе макет,
старите луѓе јаглен ќе гризат,
стредната коа шума ќе јадит.
*
Седнал ми е млад Јанкула,
на мејана со дружина,
да ми пиет, да ми јадит.
Поминуват Јанкулица
со Јанкула не зборуват.
Тогај велит млад Јанкула:
-Не борете Јанкулице,
поминуваш, заминуваш,
и со мене не зборуваш.
- Как да зборвам, млад Јанкула,
дома дошле три здравици:
една дошла за венчање,
втора дошла за крштење,
а третата за братимство,
побратими да се фатат.
- Немај гајле Јанкулице,
зар това се брига најде,
сам ќе одам побратимство,
син ќе пуштам на венчање,
ќерка ќе пуштам на крштевка.
*
Појдов, дојдов низ село,
најдов сено косено,
јунаци го косиле,
девојки со денале,
невести го збирале.
*
Овде дворје метени,
овде моми плетени,
овде јунак неженет,
ајде да го жениме,
со девојче од село.
*
Домаќине Стамјанине,
дали пиеш, или спиеш,
ако пиеш весели се,
ако спиеш разбуди се.
Долетало лепо пиле,
на рамена на Стамена,
тогај велит домаќинот:
- Ај подајте лак и стрела,
да застрела ова пиле.
Одговори лепо пиле:
- Не сум пиле за стрелање,
тук сум пиле аберџија,
абер носам од далеку,
ти си имаш мила сина,
царот има мила ќерка,
двајца да се сосватите.
*
Две се сонца надгревале,
два се браќа надигроле,
помалото го надигра
постарото му се моли:
- Прости мене мило брате,
јас сум постар ќе се женам,
ти си помал почекајме.
И в година д’ивчекаме,
сосе сета компанија.

(Подготви Марко Китевски)

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.