Качунцице цветнице, о Лазаре
Качунцице, цветнице, о Лазаре, аљ је виде Лазара? И ја видов, не видов, на бел Дунав седеше, вити конци виеше, сем лазарки даваше, Кале мале немаше, седна Каља да плачит, Лазара ја тешеше: Малчи Каљо не плачи, пак в година ќе дојдам, сем лазарки по венец, тебе Каљо два венца. Кога дојде година, Каља најде м’жена, на бунишче седеше, венчаница кинеше, м’жу гашчи крпеше, м’шко дете лељаше.
А неесто, добро мило, Лазаре
А неесто, добро мило, Лазаре! Шчо ти уста подгорела, како љушпа ореоа? Шчо ти лице подбелело, како платно бамбаќерно? Али свекор те карало, аљ свекрва те карала, али твои мили стопан?
На жена која имат син да си учит:
Имат мајка мили сина, Лазаре
Имат мајка мили сина, Лазаре, го промена, го наружи, та го пушчи Света Гора, Света Гора манастрира, да се учит лудо ѓаче, лудо ѓаче, манастирче, и се учи, и с’изучи, се сторило лудо ѓаче, лудо ѓаче манастирче, книга пеит с’лзи ронит, го догледа егуменот, егуменот му зборвеше: „А егиди лудо ѓаче, за шчо ти се нажалило, книга пеиш, с’лзи рониш али ти се нажалило, за твојата мирна земја? Али ти се нажалило, за твоиот мили татко, ељ за браќа, ељ за мајка,? Лудо ѓаче одгоори „Ајти тебе егумене, та не ми се нажалило, за мојата мирна земја, ни за татко, ни за браќа, туку ми се нажалило, за мојата стара мајка.“
На богат човек
Пофалил се богатиот
Пофалил се богатиот: Јас сум богат и пребогат. Тук се нашат и понашвит, како риба во глобина, како орел во вишина, како овца с рудо јагне, како лоза с бело грозје.
На владика
Уснал ми је владика
Уснал ми је владика, Ристу-богу на колена, Ристос ми го скориваше, - Стани стани, а владико, ето ти се лазарици, лазарици, посестрими, шчо ќе дарчок да ’и дарвиш? - Сем лазарки марамица, на нееста кошулица. - Да дочекаш и в година, и в година и за многу, со твојата добра глаа.
На анама
Летале ми летале
Летале ми летале, девет реда голаби, и десетто пауни, паднале ми паднале, кад’нини дворои. Шчо чинеше кад’на? Кутлум бисер мереше, по голаби фрљаше, кад’на им говорит: „Зобајте ми зобајте, девет реда голаби, и десетти пауни. Пак в година да дојте!“
Од Кукуш
Лудо идет од гората
Лудо идет од гората младо идет од гората, в р’це носе до две китки, до две китки теменушки. Стредба иде ќе го стрете ќе го стрете мала мома, малка мома, бела Неда. Та му веле и говоре: - Дај ми лудо, дај ми младо, таја китка теменушка! Лудо и веле и говоре: - Мори моме, малко моме, китка давам, мома земам. Море лудо, лудо младо, китката је до планина, а момата до жив живот.
Вјахнал јунак брза коња
Вјахнал јунак брза коња, та отишол честа гора, честа гора Богданова, три дни ходил, три дни ловал, ништо лова не изловал, изловал је малка мома, променена наредена, како китка накитена, како перо наросено.
Лудо младо вино пие
Лудо младо вино пие, вино пие, јагне јаде, калпак држи на колено, ем се дига на големо. Мома стое спроти него уште му се шега бие, шега бие в очи смее: - Море лудо, лудо младо! Кадар беше да ме лажиш, не би кадар да ме земиш. а јас да бев како тебе, градина бев заградила, тебе прилес би те клала.
Од Зборникот на браќата Миладиновци.
(Подготви Марко Китевски) |