|
||||
Песна за Арсо Војвода |
Во судир со турскиот аскер и башибозукот во јануари 1905 година, загинал војводата Арсо Мицков од село Подвис. Загинувањето на овој народен заштитник потресно одекнал меѓу народот во Кичевско, зашто тој бил познат како крупна фигура на настаните на овој терен, заради што народот го овековечил во песната која и ден денес се пее скоро на сите собири и народни веселби. Најголемата болка лежи во тоа што народните преданија зборуваат дека сестрата на Арсо го предала на Турците. Зароси роса крвава, заради Арсо војвода. |