|
||||
Песна за војводата Крсте Алексов |
Посебно во Кичевско, Крсте војводата оставил силен впечаток сред народот и за него, со посебно задоволство се пеела песната; Силен ми ветар завеа од Кичево и од полето. то не беше силен ветар, тук ми беше силен аскер, турски аскер и башибозук: Сардисаа планините, планините долините. ги догледа Крсте војвода Ја станете мили браќа, Сардисани сме од сите страни, од планини и долини. Ми станаа комитите си грабнаа оружјето. Ми отпочна лута борба Аскер викат; „Алах, Алах!“, „Ура“ викаат комитите. Паѓаат жртви неброени. Крсте војвода извика: Ајде браќа, мили браќа, на јуриш да куртулиме, ставете ги ножевите, запалете ги бомбите, сите браќа ај по мене! Петнаесет души в обрач си пробија, во горите се најдоа, а дванаесет паднаа. Слово држи Крсте војвода, слово држи солзи рони за своите загинати војводи. |