|
||||
Песна испеана за судирот во село Јудово помеѓу ајдутите и потерџиите |
Војводата Дуко Тасев во 1882 година одел како јатак во четата на Михаиле. Четата често престојувала во село Подвис и во село Јудово. Јанкесеџиите од село Другово разбрале дека четата се задржува во тие села и тргнале во потера, дружина од 40 души. Потерата во Јудово, во куќата на Дуко, ја затекнала четата на Михаиле. Започнала борба. „Наскоро тројца Турци паднаа убиени, а нивниот главатар Мислим-ага беше тешко ранет. Тој ја растрои потерата и тие побегнаа, а четата без жртви се повлече од селото. Сите ајдути беа од нашите села, па тој судир ги исплаши месните Турци“ , вели Дуко Тасев. По оваа случка е испеана песната за судирот во Јудово помеѓу ајдутите и потерџиите. Нејзината содржина е следна: Крв се леит во Јудово, aбер немат во Другово. |