Застанете! Стојте! Јас сега пред пекол стојам, последен поздрав за синот молам. Пред пекол широк во кој ќе се суди на ѕверот проклет што дете ми уби.
Застанете! Стојте куршуми врели, дете е тоа, а ние сме мажи нели?! Кукавици бедни по мене ајде, да видите тогаш што ќе ве најде.
Застанете! Стојте големи глави, вашите дома мирно спијат нека се здрави, а моето, моето мртво лежи, еден до друг душманот ги нареди.
Застанете! Стојте во ноќта тивка, мајка со лелек покој на душа не повика месечино невесто бледа ти си сведок нем на чедото мртво.
Застанете! Стојте се уште боли не фрлајте земја врз синовите мои, стој и ти попе мајка нека збори смртта на чедото колку боли.
Застанете! Стојте вие нови зори оставете во темнина душата да гори пламени ачки срцето ви го давам за чедото пак да го галам.
Застанете! Стојте светци мои зарем мртво дете во прегратки да ми стои, Боже застани! Стој! Погледни како мајка последна руба за чедото крои.
Застанете! Стојте ветрови диви да помине ковчег на момчињата мили. Застанете гробари место сватови, мајка вас да ве закити.
Застанете! Стојте денови, месеци, години додека последен помин се точи во солзите на Радишани. Застани и ти Вардаре помен да земеш за петмина синови во свет да однесеш.
Застанете! Стојте! Јас сега пред пекол стојам последен поздрав за синот молам. Пред пекол широк во кој ќе се суди на ѕверот проклет што дете ми уби.
Рецитал - http://www.youtube.com/watch?v=xIVPvv4YWdM
Матеј Крстевски |